Мертезакер со шокантно признание: Цела Германија беше во шок од елиминацијата, јас бев среќен

900

Германскиот дефанзивец Пер Мертезакер, веќе седум години настапува за Арсенал, а во периодот од 2004 до 2014 година, беше дел од државната селекција на Германија во фудбал.

Искусниот фудбалер на СП во Бразил го подигна трофејот со своите колеги од репрезентацијата, но тој признава дека претходно не обожавал да игра големи натпревари.

Психички е навистина тешко, сфаќате дека тоа ве убива. Не е забавно кога чувствувате таков притисок, а мора да играте максимално, дури и кога сте повредени“.

Ми се има случено да имам страшни стомачни проблеми пред натпреварот. Потоа ми се случуваше да почнам да се гушам и солзи да ми течат по лицето“.

Но искрено, ми олесна кога во полуфиналето излеговме од Италија. Цела нација беше во шок, а мене ми беше мило“, потенцира Мертезакер.