Медалот за убавата Георгина, а подоцна и прегратка со човекот на кој му должи многу (Видео)

12474

Кристијано Роналдо е роден победник, тој ноќеска се бореше со страшно добрата одбрана на Јувентус, која четири пати капитулираше пред моќниот напад на „кралевите“.

Реал испиша историја, тие се првата екипа која во ЛШ успеала да го одбрани трофејот. Славјето беше долго во ноќта во Велс, а денеска се префрла во Мадрид, каде среќните фанови ги чекаат своите херои.

12 трофеј во историјата на Реал, тоа е голема работа, тие се далеку пред сите и немаат конкуренција.

Роналдо ноќеска имаше поддршка од цела фамилија, од мајката, од сестрите, братот и Кристијано Јуниор. Но овде беше и убавата Георгина Родригез, поубавата половина на Роналдо, во која пронајде мир по раскинувањето на врската со Ирина Шајк.

Роналдо медалот ноќеска го стави на вратот на Георгина, а веднаш потоа, во подтрибинскиот простор, имаше убав пречек од Алекс Фергусон, човекот кој го креираше денеска моќниот Роналдо.

Шефе како сте“, порача Роналдо кон Ферги, а подоцна во медиумите изјави: „Тој е фантастична личност, тој ме научи многу работи, го сметам за втор татко и многу ми недостасува“, истакна Роналдо.