Македонскиот тандем Лазаров-Ристовски со фантаастична реализација во 20. во низа победа за Барса во Асобал

747

Екипата на Барселона на домашен терен убедливо славеше против Бенидорм во 20. коло во рамки на Асобал со резултат 38:28.

Првиот дел, Каталонците го добија со 21:13, но ништо поразлично не беше ниту во вториот дел каде Барса апсолутно доминираше.

Најефикасни кај Каталонците беа Саубич и Недесбо со по 6 постигнати погодоци. Лазаров запиша 4 погодоци, а нашиот Борко Ристовски забележа 9 интервенции. Во спротивниот табор се издвои Хименез со постигнати 9 погодоци.