Македонија „ќари“ нова Американка во репрезентацијата

572

Американската кошаркар Дјуана Тенис Бонер од денеска и официјално стана државјанин на Република Македонија, со што сега таа добива и ексклузивно право да игра за репрезентацијата, тоа го потврдија денеска од МКФ.

Бонер е трета натурализирана кошаркарка по Гивенс и Парис кои заиграа во репрезентацијата.

Триесетгодишната Американка во своето полно резиме има титули од WNBA и огромно искуство на европско тло играјќи во ФИБА Евролига.

Бонер ќе биде исклучително засилување во ноемврискиот прозорец кога нашата национална селекција во женска сениорска конкуренција ќе ги одигра двата последни натпревара во рамки на квалификацискиот циклус за Евробаскет 2019.