По грандиозниот успех во Келн, РК Вардар се врати во Македонија, каде денеска гостуваше во Велес кај Борец, и каде со победа ја завери титулата.
Домашната публика импресионирана од резултатот на „црвено-црните“ во Германија, денес им приредија фантастичен и коректен дочек, каде беа испратени со овации европските шампиони.
По заминувањето од Велес, Вардар со играчите и целото раководство, титулата ја славеше пред своите гледачи во „Јане Сандански“, а од трибини грмеше, „шампиони, шампиони!“.
На прославата овации добија сите, а свое обраќање имаа сопственикот на Вардар, и претседателот на РФМ.
تم نشره بواسطة RK Vardar في 7 يونيو، 2017
ВИДЕО: РК ВАРДАР.