Македонија покажа карактер, но пукна „петарда“ на дебито на ЕП (Видео)

1103

Малку е да се каже дека вечерва македонската фудбалска репрезентација немаше среќа во Полска, каде во првиот натпревар од групата, бевме убедливо поразени од селекцијата на Шпанија со 5:0.

Резултатот не ја отсликува комплетната слика на натпреварот, бидејки Македонија одигра добро прво полувреме, со неколку зрели шанси за гол, но едноставно голот на Шпанија беше недопирлив за нас, па во изостанок на наша ефикасност, Шпанија тоа рутински знае како да го казни.

По 15. минути, Шпанија веќе водеше со 2:0, со головите на Нигез и Асенсио, а до крајот на полувремето, поради играње со рака од страна на Бејтулау, судијата покажа на белата точка, шанса од која Делуфеу им донесе 3:0 на Шпанците.

Во вториот дел, повторно ситуацијата на терен беше егал гледајки го поседот на топка, но сепак, класата на Шпанија повторно дојде до израз. Во 54 и 72 минута, Асенсио постигна уште два гола и комплетираше хет-трик во првиот натпревар на ова ЕП.

Но дефинитивно Македонија на овој натпревар заслужи почесен гол, а најдобар шанса беше онаа на Бабунски, кога се стресе пречката на Шпанија, а сепак останавме на нула.

СЕ УШТЕ СЕ ТРЕСЕ ПРЕЧКАТА НА ШПАНЦИТЕ, ШТЕТА ШТО ОВА НЕ ВЛЕЗЕ ВО ГОЛ 🙁

تم نشره بواسطة ‏‎Спортисимо Македонисимо‎‏ في 17 يونيو، 2017