Легитимен кандидат за титулата: Сити ги руши англиските бариери во Лигата на шампионите

571

Манчестер Сити го “прегази” Базел со 4-0 во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите и веќе може да размислува на следната фаза.

Со убедливиот триумф, премиерлигашот собори низа рекорди. Пред се, тоа е највисока победа на една англиска екипа во нокаут фаза од Лигата на шампионите. Пред Сити, рекордот го држеше Ливерпул под водство на Бенитез во 2007 година кога го победи ПСВ со 3-0.

Освен ова, синоќешната победа беше 34. за Сити оваа сезона и веќе има една повеќе од целата ланска сезона.