Лазаров одличен, но Нант елиминиран од ПСЖ во Купот на Франција

558

Исклучително интересна и ефикасна средба од четвртфиналето во Купот на Франција помеѓу екипите на ПСЖ и Нант, каде Кире Лазаров со својот тим, не успеаа да се протнат до полуфиналето.

Иако Лазаров стандардно беше еден од подобрите поединци во Нант, сепак тоа на крајот не беше доволно за пласман во полуфинале. Кире Лазаров постигна 5 голови на оваа средба.

Парижаните победија со 35:33, што беше доволно за пласман во полуфиналето од ракометниот Куп на Франција.

Со елиминацијата од Купот на Франција, на Лазаров и Нант не им преостанува ништо друго, освен целиот фокус да биде насочен кон домашното првенство, каде моментално котираат на 6. позиција, а пред нив се Данкерки, Сент Рафаел, ПСЖ, Нимс и Монпелје.