Купот на Македонија во „Јасмин“ – познати и четврт-финалните двојки

391

МКФ ја информираше македонската спортска јавност дека Купот на Македонија ќе се одржува годинава во Кавадарци, во периодот од 16 до 18 февруари.

По тој повод, познати ни се и четврт-финалните двојки за куп пресметките во спортскиот комплекс „Јасмин“.

Првопласираните осум тимови од првата кошаркарска лига ќе разигруваат меѓу себе како и порано, по системот прво со последен, и второпласиран со претпоследнопласиран во четвртфиналето.

Додека во полуфиналето ќе играат првиот против четвртиот и вториот против третиот.

Тој редослед ни го дава следниот распоред, од мечот Соколи – Работнички, победникот ќе игра со подобриот во дуелот помеѓу Гостивар и Куманово.

Во другите четвртфинални двојки, Блокотехна се среќава со Охрид, па победникот ќе вкрсти со подобриот од дуелот МЗТ – Фени.