Крос ги шокираше навивачите на Реал Мадрид

2154

Нема крај на лошите резултати за Реал Мадрид кој синоќе на домашен терен доживеа нов шок од Вилјареал (0-1). По мечот германскиот интернационалец од редовите на „кралевите“ Тони Крос даде брутално искрена изјава која нималку нема да се допадне на фановите на актуелниот шпански, но и европски првак.

„Следната сезона ќе мора да играме квалификации за Лигата на шампионите. Мора да размислуваме за моменталната ситуација на табелата. Мислам дека целта во остатокот од сезоната е да завршиме меѓу првите четири. Разликата помеѓу нас и Барселона сега е видлива и огромна. Според мене, треба да размислуваме за натпреварите кои не чекаат. Мора да почнеме да собираме бодови за да би завршиле на позициите кои водат во Лигата на шампионите“, изјави Крос.

Во идното коло, Реал Мадрид во Примера силите ќе ги одмери со Депортиво Ла Коруња.