Крај на програмата: И тоа го видовме – допинг во КАРЛИНГ!!!!

718

Судот за спортска арбитража (ЦАС) денеска потврди дека Александар Крушелницки, руски натпреварувач во карлинг, е обвинет дека ги прекршил допинг правилата на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

ЦАС наведе дека е почната постапка против Крушелницки кој во двојка со својата сопруга освои бронзен медал. Руските медиуми вчера пренесоа дека тој паднал на допинг тест затоа што користел мелдониум.

Тоа е втор случај на допинг на Олимписките игри. Првиот беше на Каи Саито од Јапонија кој се натпреварува во брзо лизгање. Која е само целта и помошта на допингување во карлинг?