Крај на доминацијата на Звезда, Будуќност е новиот шампион на АБА лигата!

4

Со победата од 77:73 во четвртиот натпревар од финалната серија, Будуќност ја освои првата титула во АБА лигата, откако во финалето славеше со 3:1 во победи.

Сметајќи го и лигашкиот дел од сезоната, тимот на нашиот поранешен селектор Александар Џикиќ од шест мечви со Звезда, славел дури на пет.

Играчите на Будуќност носени од поддршката од трибините подобро го започна овој меч и во текот на првата четвртина текна осетни девет поени предност – 18:9.

Звезда возврати со тројки на Рочести и Јанковиќ, со што намалија на 18:15, но благодарение на одличниот Гордиќ, Будуќност повторно ја зголеми рпедноста и во втората четвртина влезе со седум поени предност – 22:15.

Во текот на втората четвртина се водеше неизвесна борба, а Звезда во завршницата од овој дел од играта по прв пат доаѓа до водство со поените на Лесор, а потоа Фелдин со тројка зголеми на 38:35, а до заминувањето на одмор Гордиќ додаде еден поен за 38:36.

Гордиќ и во текот на третата четвртина го држеше Будуќност во игр, одбраната на Звезда немаше решение за искусниот плеј на подгоричкиот тим. Покрај него се разигра и Баровиќ, важна тројка погоди и Ивановиќ и Будуќност повторно прејде во водство.

На шест минути пред крајот тоа изнсуваше 64:59. Звездан повторно успеа да пријде, но Никола Ивановиќ погодува со фаул и ги враќа домаќините на пет бода предност – 67:62 на пет и пол минути пред крајот.

Играта потоа, очекувано, често беше прекинувана поради прекршоци, но Будуќност тука подобро се снајде.

Пенал завршницата им припадна на домашните кошаркари, а клучен човек во финишот беше Никола Ивановиќ.

Немања Гордиќ сепак беше најефикасен со 18 поени, Ивановиќ додаде 17, а Филип Баровиќ 14 поени во победничката екипа.

Во Звезда Рочести постигна 14, Омиќ 12, а по 11 запишаа Фелдин и Добриќ. Нашиот Перо Антиќ не настапи ниту на овој натпревар и не можеше да му помогне на својо тим да ја одбрани титулата во регионалното натпреварување.

Со овој триумф во АБА лигата, следната сезона Будуќност ќе игра во Евролигата по првпат во својата историја, што ќе биде вистинска сензација во Црна Гора.