Крамер го донесе веќе петтиот медал за Холандија на Зимските олимписки игри

300

Холандскиот натпреварувач Свен Крамер заврши со златен медал во брзо лизгање на 5000 метри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Крамер трката на 5000 метри ја заврши за шест минути, девет секунди и 75 стотинки. Со тоа постави нов олимписки рекорд.

Канаѓанецот Тед-Јан Блумен заврши како сребрен со 1,85 стотинки заостанување, додека бронзениот медал го доби Норвежанецот Свере Лунд Педерсен.

Крамер на Холандија и го донесе второто злато и оваа земја сега веќе има пет медали во Пјонгчанг, додека Педерсен на Норвешка и ја донесе третата бронза и вкупно осмиот медал, со што оваа скандинавска држава е најтрофејна по првите два дена на ЗОИ.