Кој можеше да претпостави пред десет години: Двајца фудбалери – вкупно 382 милиони евра!

1631

Кога пред една деценија биле навивачи на Реал Мадрид, а во исто време го носеле дресот на младинските бразилски репрезентации, веројатно ни самите не помислувале дека еден ден ќе го диктираат трансфер-пазарот во светскиот фудбал.

Оваа фотографија е направена пред десетина години, тогаш Нејмар и Филип Кутињо биле едногласни дека Реал е најдобар клуб во светот, а ни едниот, ни другиот не дочекаа да го облечат дресот на омилениот тим. Напротив, едниот беше една од главните ѕвезди на Барселона, а вториот денеска ќе го комплетира трансферот во каталонскиот гигант.

Она што можеби е многу поважно, двајцата во моментов ги имаат првиот и третиот најскап трансфер на сите времиња. Нејмар летоска за 222 милиони евра се пресели од Барса во ПСЖ, а Кутињо за 160 милиони евра ќе го напушти Ливерпул и ќе го замени својот добар другар во Каталонија. Меѓу нив е само Килијан Мбапе со 180 милиони евра.