Кошмар за Хрватска: Дувњак не игра до крај на првата групната фаза!

391

Поранешниот најдобар светски ракометар Домагој Дувњак нема да се појави на терените до крајот од првата групна фаза на Европското првенство.

Тој се повреди во финишот од синоќешниот дуел против Сербија и во најдобар случај ќе заигра во вториот дел. Дувњак има повреда на листот на десната нога која излезе потешка отколку што се очекуваше.

Хрватска е во добитна ситуација кога станува збор за натамошен пласман, но борбата е за освојување што е можно повеќе бодови.