Кошаркарско дерби денеска нема да има поради технички проблеми – Работнички излезе со соопштение

12

Сепак денеска нема да има кошаркарско дерби во рамките на домашното првенство.

Требаше да се игра вечното (140-то дерби) помеѓу Работнички и МЗТ Скопје, но сепак потврдија дека нема да се игра.

Причината е технички проблем, домаќинот имал проблеми со уредите за тајминзите кои ги сметаат нападите (14-24 секундо), кои што не биле функционални.

На „центарци“ им бил даден рок да го санираат проблемот, но поради тоа што не успеале, натпреварот е одложен за утре, а по повод тоа, КК Работнички излезе со официјално соопштение.