Конечно, зборови за надеж за Михаел Шумахер

1914

Повеќе од четири години поминаа од тешката несреќа што го снајде Михаел Шумахер кога на скијање удри во ѕид и доживеа повреди на главата.

Досега нема ниедна релевантна информација за неговата состојба иако неговите фанови со нетрпение да слушнат нешто за својот миленик. Сопругата Корина тотално го изолира од јавноста, а за здравјето на седумкратниот светски шампион не зборуваат ни неговите деца, ни менаџерката.

Сепак, охрабрувачки вести стигнаа на почетокот од новата година и тоа од лекар специјалист за вакви случаи.

“Според истражувањата во Шведска, меѓу 30 и 40% од пациентите ја враќаат својата свест во период од четири години. Многумина се враќаат во живот и гледајќи ги своите деца или внуци како растат. Пациентите се посвесни отколку што многумина мислат. Допирот на неговата сопруга или гласот на децата можат да имаат големо влијание. Не треба да се губи надеж”, изјави Марк Оберман, директор на невролошкиот центар во германскиот Сесен.