Кожув го демолираше АВ Охрид во Гевгелија

334

Гевгелиски Кожув оствари победа вечерва на домашен терен против екипата од Охрид со резултат 80:65.

Гевгеличани имаа уверлив почеток на средбата, дозволувајки му на противникот само 9 поени во првите 10 минути (15:9).

Добрата игра на домаќините беше актуелна и во втората четвртина (23:13), па на полувреме заминаа со предност од +16 (38:22).

Гостите се обидоа да сторат нешто повеќе па со еден поен повеќе ја добија третата четвртина, за минимално намалување на негативата. Но Кожув се стабилизираше во последниот дел, последната четвртина беше егал (22:22), па на крајот заслужено остварија победа.