Кого гледаа скаутите на Мурињо на големото шкотско дерби?

30

Се ближи крајот на сезоната, Манчестер Јунајтед ги загуби сите шанси за титулата во Премиер лигата, па во следниот период ќе тргне по засилувања за идната натпреварувачка кампања.

Мурињо веќе почна да испраќа свои скаути да ги следат во живо неговите големи желби. Двајца од нив викендов присуствуваа на големото дерби на Глазгов меѓу Селтик и Ренџерс кое домаќините го добија со 4-0.

Причината што скаути заминаа да го гледаат овој натпревар беше 20-годишниот лев бек на Селтик, Киран Тирни кој неодамна потпиша шестгодишен договор со првакот на Шкотска. Со оглед на тоа што е мошне млад, се очекува во иднина да биде еден од најдобрите бекови на Островот, а и покрај тоа неговата цена не е многу висока.

Се претпоставува дека Јунајтед може да го донесе за околу 20 милиони фунти што во моментов не е никаков проблем за клубот.