Класика: Ферари „гази“ на тестирањата, Мерцедес повторно ја крие брзината

640

Финскиот возач Кими Раиконен беше најбрз на дешените тестирања, кои ќе бидат последни пред почетокот на сезоната.

За разлика од денеска, вчера со најдобро време беше неговиот тимски колега од Ферари, Себастијан Фетел, заедно со Хамилтон, веројатно двајца најсериозни кандидати за освојување на титулата.

Раиконен денеска оствари време од 1,17,221, што беше комотно добро време за да биде убедливо првопласиран пред конкуренцијата.

Изненадувачки слаби резултати имаа возачите на Мерцедес, Ботас оствари шесто додека Хамилтон дури 11. место.