Кирјос со одлична увертира пред Австралија Опен – титула во Бризбејн

304

Австралискиот тенисер Ник Кирјос, ја освои титулата на турнирот во Бризбејн, откако во финалето го совлада Американецот Рајан Харисон со резултат 6:4, 6:2.

21. играч на АТП листата, Ник Кирјос, победи во 72 минути, а за тоа време направи три брејка, додека Харисон ниту еднаш не успеа да му одземе сервис.

Австралискиот тенисер ја освои четвртата титула во кариерата, прва по 2016 година и прва во Бризбејн.

Со ова Кирјос има одлична увертира за она што следува, првиот Гренд Слем турнир сезонава, Австралија Опен, кое почнува на 15ти месецов а ќе трае се до 28ми.