Кинезите се активираа? Милан подготви 128 милиони евра за засилувања, позната е и листата на желби

2009

Последните неколку години Јувентус доминира во италијанската Серија А, но навивачите на Милан се надеваат дека наскоро нивниот клуб би можел да го запре тоа.

Кон крајот на 2016. година Милан го освои Суперкупот на Италија со победата над Јувентус што ги фрли во транс навивачите на „Росонерите“. Тие се надеваат дека Милан конечно ќе може да ја прекине доминацијата на „Старата дама“ и да се врати во врвот на Серија А.

Италијанските медиуми пренесуваат дека на „Сан Сиро“ се подготвени на се со цел тоа да го остварат. Првиот потег во јануарскиот преоден рок се засилувањата кои Монтела сака да ги доведе.

На листата на желби на италијанскиот стручњак се наоѓаат Доменико Берарди, Федерико Бернардески, Кеита Балде и Матео Мусакио. Наводно, Монтела во јануарскиот преоден рок ќе има околу 128 милиони евра за доведување на сите нови играчи.

Исто така, еден од играчите кои Монтела сака да ги види во Милан е и играчот на Евертон, Жерар Делофеу. Сепак, некогашниот играч на Барселона во редовите на „Росонерите“ би можел да дојде дури на крајот од оваа сезона.