Карачиќ: Шест месеци имавме притисок само заради Србите, а не заради ЕП

1008

Хрватска синоќе во преполната „Спаладиум“ Арена во Сплит ја декласираше Србија со резултат од 32-22. Ракометарот на на Вардар од редовите на „коцкестите“, Игор Карачиќ истакна дека од глава и паднало голем притисок по победата.

„Шест месеци не притискаше во глава и не тоа поради првенството, туку поради тој меч со Србија. Знаевме колку луѓе ќе има овде и дека ќе играме пред домашна публика која повеќе од се сака победа над нив. Знаевме дека ќе ни дојдат семејствата, жени, мајки, деца и никако не смеевме да ги разочараме. Голем беше интересот да се добие овој меч и за среќа го одработевме како требаше. Се надевам дека салата вака ќе изгледа и против Исланд“, изјави Карачиќ.

Игор мечот го заврши со половичен ефект, 2 гола од 4 обиди кон противничкиот гол.