Како едно мало куќарче може да создаде МЕГА проблем за градбата на новиот „Стемфорд Бриџ“

2802

Челси напорно работи на доизградба на својот нов стадион. Рускиот милијардер Роман Абрамович ангажираше швајцарски архитект кој треба да го осмисли изгледот на новиот „Стемфорд Бриџ“.

Капацитетот на новиот дом на „сините“ од 41.000 треба да порасне на 60.000 што е за цели 50% зголемување, а проектот бил вреден милијарда фунти, но и покрај сето тоа, целиот проект наиде на голем проблем.

Фамилијата Кросвајт која половина век живее во непосредна близина на „Стемфорд Бриџ“, тврди дека новиот стадион би им создавал сериозен пристап до сончевите зраци кои продираат до нивната куќа.

Челниците на Лондон дадоа дозвола за градба, но клубот не сака ништо да остави на случајноста. Иако споменатата фамилија има на маса понуда за компензација во стотици илјади фунти, тие сакаат својата куќа да не биде замрачена од грандиозната фудбалска градба која треба да никне.

Стадионот не им пречи но барале да биде редизајниран на источната трибина, која целосно им блокира сонцето и зраците. Челси дури се обидел дури и да ја купи нивната куќа за неколку милиони фунти, но тие тоа го одбиле.