Каков луксуз има Валверде: Каталонски покер за 1,7 милијарди евра

983

Со трансферот на Филипе Кутињо, Барселона сега го има најскапиот квартет во историјата на фудбалот.

Бразилецот им се приклучи на Лионел Меси, Луис Суарес и Усман Дембеле. На четворицата заедно, откупните клаузули им се со вкупна вредност од 1,7 милијарди евра. Договорот на Меси може да се откупи за 700 милиони евра, на Кутињо и Дембеле по 400 милиони, а “најевтин” е Суарес со 200 милиони.

Но, тоа е само ако се земат предвид откупните клаузули. Според фудбалската опсерваторија ЦИЕС, вредноста на четворицата фудбалери заедно е проценета на 550 милиони евра. Меси вреди 202,2 милиони, Суарес 128,7, Кутињо 123, а Дембеле 96 милиони евра.