Каква чест: Венгер специјален гостин на Жорж Веа

544

Легендарниот напаѓач на Монако, ПСЖ и Милан, Жорж Веа на 22 јануари свечено ќе биде инаугуриран во нов претседател на Либерија и ќе стане еден од ретките, ако не и единствен поранешен фудбалер на ваква функција.

Се очекува на свеченоста да присуствуваат голем број политичари, но ќе има и лица од спортскиот, односно фудбалскиот свет. Покана е испратена и до менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер кој му беше тренер на Веа во периодот од 1988 до 1992 година во тимот на Монако.

Инаугурацијата ќе се одржи во понеделник, а за Арсенал тоа е период меѓу премиерлигашкиот дуел со Кристал Палас и куп-мечот со Челси. Затоа уште не е потврдено дали Венгер ќе присуствува на свеченоста иако е можно да биде и суспендиран во тој период затоа што ФА веќе почна дисциплинска постапка против него.