Каква приказна: Не стигнал на време за финалната трка, а кога се разбудил, добил златен медал

577

Американскиот тинејџер Ред Џерард го одбележа викендот на ЗОИ, и освен години, тој вниманието го привлече и со она што му претходило на неговиот настап.

Џерард со само 17 години стана олимписки шампион во дисциплината „Sloup Style“, носејки и на Америка златен медал.

Меѓутоа, малку недостасувало тој целосно да го промаши натпреварувањето. Тој се заборавил при спиењето, буквално се успал, бидејки не го слушнал алармот во 6 часот наутро, затоа што до доцна гледал ТВ серија.

Но во терминот кога неговите конкуренти одработувале тајминзи, тоа не било доволно за златен медал, па тој по неколку часа, откако се разбудил, сфатил дека всушност е златен на оваа зимска олимпијада.

Својот настап го зачини и со пцовки додека се уште беше во програма несвесен дека тоа оди директно.