Каква понуда: Швајни, дојди кај нас, стадионот ќе го крстиме по тебе!

1405

Бастијан Швајнштајгер е на крстопат во својата кариера, си замина од Чикаго Фајр, а уште не одлучил каде ќе продолжи.

Додека размислува, а во исто време чека принова во семејството, на негова адреса стигна мошне интересна понуда. Не е од некој познат клуб, се работи за СГ Буна од Хале.

“Сакаме да ти понудиме место во СГ Буна од Хале. Овде ќе бидеш целосно мирен, ќе ти ги обезбедиме најдобрите услови, а ќе се најде и место за твојата сопруга Ана Ивановиќ и тоа во локалниот тениски клуб. Не сме тим за Лигата на шампионите, патот е тежок, но со тебе се е можно. Нашите играчи се твои големи фанови и со задоволство би играле со тебе.

Имаме посебна понуда. По натпреварите и тренинзите можеш да ги полниш батериите со 20 видови пиво. Брзо ќе го засакаш градот затоа што имаме и фабрика за чоколади. На крајот, можеме да го крстиме стадионот по тебе. Чекаме да се јавиш”, напиша портпаролот на клубот Саше Гербер.

Ваква понуда не се добива секој ден. Швајни треба добро да размисли.