Казна за Дончиќ која првенствено треба да биде превентива

685

Младиот и талентиран словенски репрезентативец и играч на Реал Мадрид, Лука Дончиќ, ќе мора да плати казна од 4.500 евра, поради потегот кој го направи на натпреварот со Валенсија, кога беше исклучен.

Поради тоа што беше исклучен, поради грубиот старт над противникот, Дончиќ реагираше несоодветно и протестно против судиите кои му го покажаа патот кон соблекувалните, Словенецот мавташе со раце, по што тоа сега е казнето.

Шпанските медиуми потврдија дека Дончиќ ќе плати казна од 4.500 евра, па можеби оваа санкција ќе придонесе за овој кошаркар да биде посмирен во иднина, нешто што од него побара и неговиот тренер, без оглед каква би била одлуката на судиите.