Каде ли ќе му беше крајот на Меси: Колку пати сезонава Лео ја погоди стативата?

760

Барселона во последното коло од Примера го совлада Депортиво со 4-0, а по два погодоци дадоа Суарези и Пулињо.

Интересно, Меси на споменатиот меч дури на три наврати ја погоди пречката (еднаш од слободен удар). Аргентинецот во досегашниот дел од сезоната веќе има дадено 18 погодоци, но со „хет-трикот“ против Депортиво стигна до бројката од неверојатни 14 погодени стативи.

Како да не е доволно ова, па сите фудбалери на Барселона во досегашниот тек од сезоната во шпанското првенство имат погоден 26 пати во пречката.