И по Пеце, Пеце – Наумоски останува на чело на МКФ

947

Работите во македонската кошаркар веројатно уште извесен период ќе останат исти, односно тоа дека актуелниот претседател на МКФ, Петар Наумоски ја доби довербата од делегатите.

Од вкупно 30 делегати во целиот избирачки процес, за Пеце гласаа 16 од нив, што беше сосема доволно за тој и понатаму да остане на чело на Македонската кошаркарска федерација.

16 гласа беа за Петар Наумоски да остане и понатаму претседател на МКФ, додека 14 не му дадоа поддршка на денешното собрание.