Иџе: Се уште не знам со што ќе возам во новата сезона и во кој шампионат

617

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе кој последните две сезони настапуваше во ЕТЦЦ шампионатот, се уште не знае каде ќе се натпреварува во новата сезона.

„Мојот тим и јас се уште ја немаме донесено одлуката во кој шампионат ќе возимие и со кој автомобил. Се уште ги правиме плановите иако можеби доцниме. Се надевам ќе ја донесеме вистинската одлука и дека таму каде што ќе одиме ќе бидеме конкуренти“, изјави Иџи.

Во голем дел плановите за новата 2018 година на Иџе ќе бидат поврзани од висината на буџетот со кој би располагал.