Интер се засилува со играч на Барса, посредник им е Луис Енрике

654

Жерар Делофеу најверојатно ќе продолжи во Наполи, Ширле се покажа како нереална опција, Болоња бара премногу за Симоне Верди, но Интер ја најде алтернативата. „Нероазурите“ зимава би можеле да добијат огромно засилување во средниот ред со оглед на тоа дека фудбалерот на Барса, Рафиња Алкантара, се договори со клубот од Милано.

Сепак, трансферот е далеку од готов. Интер сега го очекува потешкиот дел од работата, а тоа е да ја убедат Барселона да ја прифати повеќе од скромната финансиска понуда во опцијата за откуп на договорот на крајот од сезоната.

Според информациите на „Мундо Депортиво“, Интер стапил во контакт со Барса и дал понуда според која ќе го доведат Рафиња на позајмица до крајот на сезоната, со опција за откуп. Не е објавено колкава е понудата на Интер, споменатиот извор категорично тврди дека тоа е далеку помала сума која Барса ја бара за својот играч за врска, а тоа е 20.000.000 евра.

Токму тоа ќе биде главниот проблем во ситуацијата, бидејќи Барселона нема ништо против да се откаже од Бразилецот кој штотуку се опорави од повредата и кој нема играно цели осум месеци, но тоа нема да го направи по секоја цена.

Желбата на Рафиња е јасна – сака повеќе минутажа со цел да се избори за место на СП во Русија.

И Барса има свои барања. Поточно, по големиот трансфер на Кутињо, но и се поизвесното доаѓање на Јери Мина, на клубот му се потребни пари за да го надомести минусот.

Она што е интересно е дека посредник во преговорите на Рафиња со Интер е Луис Енрике. Него раководството на Интер го контактирало со цел да се распраша за квалитетите на играчот кој подеднакво добро се снаоѓа како централен и офанзивен играч за врска, но и како десно крило, а некогашниот тренер на Барселона имал само пофални зборови за него.

Познато е, меѓутоа, дека Интер нема пари за трансфери со кои може да купува зимава и е прилично ограничен кога станува збор за доведување на нови играчи. Поточно, до лето мораат да надоместат дури 70.000.000 евра со цел да ги испочитува правилата на финансискиот фер-плеј. Интер се до следниот преоден рок не смее да потроши ниту цент, или пак, оваа зима ќе мора да продаде некој играч за огромна сума на пари.

Тоа што Интер го понудил на Барса може да биде само симболична сума. Симболична ако се земе предвид дека Барса бара барем 20.000.000 евра.