Изгледа дека е готово: Ибра си оди од Јунајтед, почнал веќе да бара и нов дом

1143

Златан Ибрахимовиќ најверојатно ги живее последните 2-3 месеци во Манчестер.

Англиските медиуми денеска објавија дека тој веќе почнал да бара нов дом во градот каде ќе ја продолжи играчката кариера. Станува збор за Лос Анџелес, односно Беверли Хилс имајќи предвид дека од идната сезона шведскиот репрезентативец најверојатно ќе биде член на Галакси.

Искусниот напаѓач не играл од Боксинг деј кога не се најде во составот на Јунајтед во дуелот против Барнли. Информациите се дека би можел да заигра против Хадерсфилд во претстојната рунда од ФА Купот, но уште не се знае дали е комплетно подготвен.