Иднината на де Бур ќе биде позната до среда

546

Екипата на Кристал Палас мината сезона ја стартуваше со Алан Пардју, но тoј беше отпуштен во вториот дел од сезоната, а го наследи Сем Алардајс. Тој успеа да обезбеди опстанок , но по крајот на сезоната се повлече од тренерската позиција.

Довербата му беше дадена на поранешниот стартег на Ајакс и Интер, Франк де Бур, но по четири одиграни кола во Премиер лигата се чини дека не е направен добар избор.

Кристал Палас во моментов е најлоша екипа во англиското првенство, ги загуби сите четири дуели, не постигна ниту еден гол, а прими седум.

Поразот од Барнли ја прели чашата, па доведена под знак прашалник е работата на де Бур. Англиските медиуми објавија дека во наредните 48 часа ќе биде одлучена неговата судбина.