Зидан: Преку глава ми е веќе од се, преку глава од негативци кои редовно плукаат по Реал

1371

Зинедин Зидан удри по сите кои го критикуваат Реал Мадрид, вклучително и за дел од навивачите на самиот клуб, кои во последно време не се задоволни од она што го гледаат во Примера.

Францускиот стратег потенцираше дека му е преку глава од негативности поврзани со Реал Мадрид, и дека таквите приказни полесно се продаваат.

Уморен сум од тоа да слушам постојано дека Реал Мадрид бил лош, тоа е најлесно да се каже. Секогаш е добро да зборувате негативно за клуб каков што е Реал, бидејки тоа полесно ви проаѓа во јавноста. Она што треба да го направиме ние, е да не го слушаме тоа што се зборува за нас“.

Сите кои велат дека Реал е лош, не се согласувам со нив, не го гледам јас тоа на тој начин. Ситуацијата е таква каква што е, па мора да бркаме позитива. Се уште сме низ сите натпреварувања, тоа да се знае“, потенцира Зидан.

Реал Мадрид многу заостанува зад Барселона во Примера и навидум ситуацијата околу битката за титулата е загубена, па од таму и потекнува незадоволството на дел од навивачите.