(Видео) Зенит ни го уништи дебито во Европа: Русите водат со 0:3 на полувреме

488

Екипата на Зенит покажува зошто е апсолутен фаворит на натпреварот со нашиот Вардар на отворањето од Лигата на Европа.

Рускиот гигант максимално сериозно влезе во натпреварот со нашиот Вардар и по 45 минути игра води со 0:3, а нашата одбрана нема одговор за расположениот Кокорин.

Најдобриот стрелец на Зенит го отвори резултатот во 6. минута од натпреварот. Кокорин беше највисок по корнерот и потврди дека Зенит е најопасен по прекините. Во 20. минута од натпреварот, повторно по центаршут, и повторно Кокорин со глава ја затресе мрежата на Гачевски, но овојпат вината беше кај Брдаровски кој го заборави најопасниот играч на Русите.

Зенит дојде до 3:0 во 39. минута, а повторно расположениот Кокорин беше најголемата опасност. Овојпат рускиот голгетер се најде во улога на асистент, откако не сакаше да биде себичен пред голот на Гачевски и атрактивно го проигра Џјуба кој стрелаше за убедливи 3:0.