Збогум Манчестер: Ибрахимовиќ уште одамна има договор со Галакси

1088

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ потпишал договор со Лос Анџелес Галакси уште пред три недели, тврди францускиот весник Лекип.

Договорот важи за претстојната сезона, но тој до март има право да игра за Јунајтед, како што беше случај со неколку фудбалери во минатото кои ја користеа паузата во МЛС за да играат во европски клубови. Ибрахимовиќ не е во плановите на Мурињо, неговото враќање по повредата не оди според плановите, а и клубот веќе го донесе Алексис Санчез како пополнување во нападот.

Досега Швеѓанецот забележа седум настапи во сите натпреварувања, но постигна само еден гол.