Зампарини: Доколку не се пласираме во Серија А, федерацијата на Италија ќе ја дадам на суд

1120

Претседателот на Палермо, Маурисио Зампарини, се закани дека ќе се соочува со федерацијата на Италија преку суд, доколку неговата екипа на крајот не се пласира во Серија А.

Причина за ваквиот тон од првиот човек на тимот во кој играат Несторовски и Трајковски, беше неможноста да ги задржи своите играчи во Серија Б, за време на репрезентативната пауза.

Зампарини смета дека никој не застанал во одбрана на нивниот клуб, во обидот да задржат неколку играчи.

Доколку не се пласираме во Серија А, ќе барам сериозна отштета од државата преку судот. Не е фер да и одземете неколку играчи на екипа која се бори да влезе во најсилната лига во Италија“.

Кога сте виделе таква вредност во спортот, да му одземете на некој пола тим, со цел да играат пријателски средби. Во овој момент стоиме многу лошо, ни недостасува уште да останеме без полските интернационалци. Парадоксално на тоа е што нашата федерација не реагира“, смета Зампарини.