Ждрепка за Австралија Опен: „Боза“ пат за Надал, Федерер против Ѓоковиќ во полуфинале

1271

Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал доби исклучително лесна ждрепка за првиот Гренд слем во сезоната – Австралија Опен.

Најдобриот играч со кого би можел да се сретне до четвртфиналето е Марин Чилиќ, а евентуално во полуфинале би играл со Григор Димитров ако Бугаринот стигне дотаму. Надал почнува со Естреља Бургос, потоа потенцијални противници му се Хари или Мајер, а во третото коло би се сретнал со 28. носител Џумхур.

Сосема е спротивна сликата кај Федерер и Ѓоковиќ. Швајцарецот може да игра со Гаске во третото коло, со Раониќ или Квери во осминафинале, со Гофан или Дел Потро во четврфинале и Ѓоковиќ во полуфинале. Српскиот ас може да биде задоволен, но само до осминафиналето бидејќи таму може да се сретне со Александер Зверев кој имаше фантастична сезона и е четврти носител во Мелбурн.

Австралија Опен почнува в недела навечер, титулата од лани ја брани Роџер Федерер.