Жареше и палеше во дресот на Англија, а сега јава коњи

469

Беше незаменлив во нападот на фудбалската селекција на Англија, го носеше дресовите на Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Њукасл и Реал Мадрид, а денес е тотално надвор од фудбалот, но и понатаму во спортот.

Мајкал Овен кој кариерата ја заврши во 2013 година, сега си пронајде ново задоволство, а тоа е јавањето коњи.

Своето деби како џокеј овој 37-годишен спортист го имаше изминатиот викенд каде што на хуманитрна трка во Аскота, јавајќи го грлото Калдер Принц го освои второт место.

„Кога ги гледате трките на телевизија ви се чини дека тоа е лесно, меѓутоа кога самиот пробав, сватив дека не е така. Навистина е тешко да го контролираш животното тешко пола тон чисти мускули, а приота кога ќе излезе на стазе буквално експлодира“, беше првичната изјава на Овен по дебито во новиот спорт.