Е ова е казна: Четири тренинга за 24 часа – па ќе видиме дали ќе победат

491

Славниот турки кошаркарски клуб Анадолу Ефес сезонава игра катастрофално лошо, како во Евролигата, така и во домашното првенство каде што се наоѓа на дното на табелата.

Не помогна ниту промената на тренерот откако беше отпушен Велимир Перасовиќ, а на негово место ангажиран Ергин Атаман. Последниот пораз во турскиот шампионат и тоа убедлив од Банвит со 22 поени ја прелеа чашата.

Атаман веднаш, истата вечер закажа тренинг по казна. Но тоа не беше се, веќе следниот ден ја собра екипата повторно и одржа уште три тренинга. Еден утрото, потоа еден по пладне и еден вечерен. Па така кошаркарите на Ефес за 24 часа одржаа четири тренинга и тоа веднаш по натпревар. Останува да видиме дали ова ќе вроди со плод и ќе се подигнат веќе во следниот меч.