Ејупи во најлошиот тим на полусезоната во Хрватската

242

Специјализираниот сајт за фудбал „Гоал“, го одбра најдобриот, но и најлошиот тим во првиот дел од сезоната во Хрватската Фудбалска Лига (ХНЛ).

Помеѓу најголемите разочарувања во најлошите 11, место пронајде и еден Македонец, а станува збор за Музафер Ејупи.

Во објаснувањето за тоа како се најде во овој избор на погоре споменатиот извор се вели:

„Македонскиот напаѓач есенва потполно потфрли. Минатата година Музафер Ејупи редовно се наоѓаше помеѓу најдобрите стрелци во лигата, но сега навистина разочара. Зоран Зекиќ (пре)долго му веруваше, па Ејупи забележа 17 настапи, даде два гола и подели една асистенција. За играч со такви голгетерски способности е под секое ниво. Имаше овде се, ниту Ејупи беше среќен во Осијек, ниту Зекиќ задоволен од неговиот ангажман. Прашање е што ќе биде со 29-годишниот напаѓач зимава, дали Ејупи и понатаму ќе остане на „Градски врт“.