ЕХФ делегираше: Познати судии ќе го водат натпреварот против Шпанија

753

Арбитрите кои го ни водеа натпреварот од третото коло во групната фаза против Германија се делегирани и за утрешниот дуел со Шпанија.

Станува збор за белоруската двојка Андреј Гуско и Сјархеј Репкин кои не влијаеја на играта и конечниот резултат на тој меч. Оттука, се чини дека добивме добри судии и можеме да ја насочиме концентрацијата само на нашата игра.

Ова ќе биде трет натпревар за Белорусија на ова првенство. Го водеа дуелот меѓу Чешка и Данска, а потоа и споменатиот меѓу Македонија и Германија.