Екс-играчот на Реал и ѕвезда на ПСЖ открива: Бев на чекор од Барса, Меси е неспоредливо подобар од Роналдо!

967

На „Камп Ноу“ верувале дека продажбата на Нејмар во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра ќе ја олесни мисијата за доведување на ѕвездата на ПСЖ, но таа завршила неуспешно.

Анхел Ди Марија открива дека летоска веќе ги спакувал куферите за да се пресели во Барселона, но дека трансферот пропаднал во последен час.

„Бев на чекор од Барса“, вели Ди Марија за „Индипендент“.

Имав желба да одам таму за да играм со Меси“, признава Аргентинецот.

По ова следуваше неизбежната споредба на Меси и Роналдо, а Ди Марија, кој беше соиграч со Роналдо во Реал со кој имаше одлични односи, но и со Меси во репрезентацијата на Аргентина, нема никакви дилеми.

„Меси е најдобар во секој поглед. Кристијано е врвен играч, но Меси е вонземјанин“, вели Ди Марија.

Прво му било криво што му пропадна трансферот во Барса, но го преболел сето тоа.

Ја започнав годината одлично. Давам голови, асистирам, презадоволен сум“, изјави офанзивниот играч за врска на „Светците“ и аргентинската репрезентација.