Евролигата започнува со големи промени веќе од следната сезона

554

Кошаркарската Евролига со 16 тимови каква што е во моментов, по се изгледа ќе живее само две сезони.

Новиот формат на натпреварувањето беше договорено во летото минатата сезона, а веќе следната година најсилната европска кошаркарска лига ќе се игра по нов формат. Имено, италијанската „Газета дело Спорт“ пишува дека челниците на Евролигата одлучиле да ја прошират лигата за дополнителни два клуба.

Веќе од претходно се шпекулираше дека Евролигата во иднина нема да има повеќе од 16 клубови, но сега угледниот италијански спортски весник јавува дека од следната година ќе се игра со 18 клубови. Едното место ќе биде резервирано за француски АСВЕЛ, а второто ќе биде за финалистот на Еврокупот, кој заедно со победникот од ова натпреварување ќе играат во елитата.

За потсетување, моментално загарантирано место во Евролигата имаат 11 клубови – Анадолу Ефес, Барселона, Басконија, ЦСКА Москва, Фенербахче, Макаби, Олимпија Милано, Олимпијакос, Панатинаикос, Реал Мадрид и Жалгирис. Останатите пет места ги добиваат победникот од Еврокупот, како и претставник на шпанската, германската, ВТБ и АБА лигата.