Ди Мариа со новата изјава ја разгорува ситуацијата пред мечот со Реал Мадрид

483

Аргентинецот Анхел Ди Мариа, кој претходно настапуваше за Реал против кого вечерва се соочува во ЛШ со неговиот ПСЖ, истакна дека неговото „пријателство“ со „кралевите“ е завршена работа и дека сега пред него се нови перспективи.

Вечерва Европа ќе запре на 90 минути кога на „Бернабе“ ќе истрчаат веројатно двете најскапи екипи во денешницата, а Ди Мариа фрла бензин на огнот со неговата изјава.

Мојата врска со Реал Мадрид заврши претходно, сега сум играч на ПСЖ. Искрено, не би имал проблем да играм за Барселона, напротив. Единствен клуб за кого не би можел да играм е Њувел Олд Бојс, бидејки јас сум фан на Росарио Централ“, истакна Аргентинецот.

Анхел Ди Мариа во 2014 година го напушти составот на Реал, за да премине во Манчестер Јунајтед, каде ќе се задржи кратко и подоцна ќе премине во ПСЖ во трансфер вреден скоро 70 милиони евра.