Димитров e спортист на Балканот за 2017, најдобар Македонец е Стоилов

502

Традиционално и оваа година, по 45. пат беше изгласан најдобар спортис на Балканот, во избор кој го организираа националните информативни агенции.

Наградата замина кај тенисерот од Бугарија, Григор Димитров кој освои 62 поени, два повеќе од второпласираната Романка, исто така тенисерка, Симона Халеп.

Најдобро рангиран Македонец е ракометнио репрезентативец и член на Вардар, Стојанче Стоилов кој со својот тим ја освои Лигата на шампионите. Тој со 16 бода се најде на 10. место. Во изборот од македонските спортисти е и уште Перо Антиќ кој со 9 бода е на 15. место.