Фудбалерот на Тотенхем, Деле Али во последно време е голема трансфер желба на низа европски клубови, а особено на Реал Мадрид кој има навистина добри конекции со Тотененхем по трансферите на Бејл и Модриќ.
Она шго ги подгрева дополнително надежите за нов трансфер на релација Тотенхем – Реал Мадрид е тоа што од вчера Деле Алил потпиша договор за застапување со менаџерската компанија „ЦАА Спортс“.
Ова е компанија која и тоа како е добро поврзана со „кралевите“ и која што редовно одржува контакти на високо ниво со актуелниот шампион на Европа.
„Од самиот почеток беше јасно дека ова е компанијата која може да ми помогне во остварување на мојот максимум како фудбалер“, изјави Али.