Дебакл за крај на испаднатиот МЗТ Скопје

477

МЗТ Скопје доживеа уште еден понижувачки пораз во АБА лигата со кој дефинитивно стави крај на својата најлоша сезона во регионалното натпреварување.

На гости кај Будуќност, македонскиот шампион загуби со 62:104, но уште по победата на Цибона денеска беше јасно дека МЗТ Скопје, ако нема проширување на лигата, ќе испадне од неа. Црногорскиот првак ја покажа својата доминација уште на почетокот, но никој не претпоставуваше дека МЗТ Скопје ќе доживее таков дебакл.

На полувреме беше 53:33, а во последната четвртина нашиот тим постигна само девет поени.

Николиќ со 21 поен беше најефикасен во редовите на Будуќност. Кај МЗТ Скопје, кој на овој меч играше со само деветмина кошаркари, Лалиќ постигна 17, а Спасојевиќ 14 поени.